Министерот Дураки се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска се сретна со амбасадорот на Финска во Република Македонија Перти Иконен.

На средбата, како што соопшти МЖСПП, се разговараше за досегашната успешна соработка меѓу двете држави и за новите развојни перспективи од областа животна средина кои ќе се отворат со понатамошно споделување на позитивните искуства меѓу двете страни.

– Посебен акцент беше ставен на успешно имплементираните твининг проекти од областа на воздухот во Македонија, каде главен партнер беше Финска, преку Финскиот метеоролошки институт, се вели во соопштението од МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари