Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.
Од Министерството соопштија дека на средбата се разговарало за досегашната одлична соработка меѓу двете држави во сферата на заштита на животната средина и можностите за нејзино продлабочување.
Двете страни истакнале дека приоритетна ќе биде реализацијата на проекти од областите управување со отпад и со водни ресурси.