Министерот Димовски се сретна со мостарскиот градоначалник Бешлиќ

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски денеска оствари средба со градоначалникот на Мостар Љубо Бешлиќ.

Градоначалникот Бешлиќ на средбата, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изразил жалење што Мостар во македонската историја е запишан по еден немил настан, кој се поврзува со смртта на претседателот Борис Трајковски.

Министерот Димовски, пак, се заблагодарил за грижата на Мостар и Босна и Херцеговина во одбележувањето на немилиот настан и за почитта што ни ја укажуваат.

– Иако Ротмиље е запишано со црни букви во нашата историја денес сме тука да оддадеме почит на нашиот претседател Борис Трајковски по повод деветгодишнината од неговата прерана смрт. Ние треба да гледаме напред и да ги зајакнуваме односите. Мостар останува наш близок град со заедничка историја, истакнал министерот Димовски на средбата со мостарскиот градоначалник Љубо Бешлиќ.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година