Министерот Димитров во работна посета на институциите на ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе претстојува во работна посета на институциите на Европската унија.

Фокусот на посетата ќе биде остварување средби и разговори со носителите на одлуки. Се предвидува МНР Димитров да оствари средби со заменик претседателот на ЕК Франс Тимерманс, со Еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт Тибор Наврачич, со генералниот Директор за проширување Кристијан Даниелсон, со претставници од кабинетот на Претседателот на ЕК Јункер, како и со евро-пратеници. Разговорите ќе се одвиваат во контекст на евро-интегративните перспективи на Република Македонија во периодот што претстои.

МНР Димитров ќе ја искористи можноста да ги запознае соговорниците за постигнувањата на Република Македонија во имплементацијата на реформската агенда, како и за унапредувањето на добрососетските односи, во пресрет на објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ во февруари 2018 г., како и објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во април 2018 г.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија