Министерке колку ти коштаат штиклите?

Од:

Госпоѓо министерке каде се облакате и колку ви чинат парчињата облека се ваша лична работа и на вашиот сопруг, ако за тоа покажува интерес.

Но колку чинат врбите во Вардар, е тоа е веќе наша работа и вие мора да кажете како се потрошени тие фантастични 250 000 евра зашто тие пари не се ниту на таткао ви ниту на партијата -туку народни пари, и граѓаните сакаат да знаат на кого му ги давате и што од тоа ќе добијат госпоѓо министерке.

Затоа не ви беше многу културен односот кон новинарката која културно ве праша ќе раѓаат ли грозје врбите на Вардар штом толку многу чинат. Оттаму баш сум радознал како би му одговориле на вашиот сопруг ако случајно праша-жено колку ги купи штиклите?

А тие убави, високи, уметнички, лесно газите со нив по „Македонија“, а уште поаристократски тропкаат на калдрмата на Стоби. Како да му кажете дека чинат да речеме 1000 евра-па дамла би го удрила.

Затоа му велиш ма ајде мажу зарем е тоа важно. Очекувам малку повеќе почит кон овие штикли кои всушност и не се обични штикли, тие се високо уметничко дело. Те молам почитувај ја уметноста и мојот префинет вкус.

Госпоѓо министерке прво се сомневам дека со свои пари би купиле толку скапи чевли макар да ги собирате цела година и да ги плаќате дури и со каса прими. Но ако сепак меракот ви е поголем од умот тогаш тешко дека тоа ќе мине без да го оптоварите вашиот семеен буџет за цел еден летен одмор на пример.

Трето, ваљда дома се консултирате со членовите на семејството како ги трошите парите, или можеби не. Ако е сепак така а тие се сеуште со вас значи дека повторно сте ја добиле нивната доверба и сите ние можеме да ви плукнеме под пенџере. Тогаш секоја чест за домаќинлакот министерке.

Љубиша Николовски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска