Министерката Ременски во посета на Домот за доенчиња во Битола

Од:

 Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денескa во Битола ги посети Домот за доенчиња и мали деца, Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот за социјални работи.

Посетата се реализира во рамки на редовните активности на министерката, а во Домот за доенчиња и мали деца таа се интересирала посебно за здравствената грижа на децата.

– Во Домот за доенчиња и мали деца се вршат засилени мерки за надзор и засилена здравствена грижа за дечињата кај кои била констатирана кожна болест и тие се чувствуваат подобро. Дополнително, во вонредниот инспекциски надзор од 11 февруари констатирани се три деца кои имаат кожна болест, но таа не соодветствува на болеста на претходните шест дечиња заразени минатата година. Но и тие исто така се со соодветна медицинска грижа. Во минатата година во јули, ноември и декември кај 6 деца била дијагностицирана кожна болест „скабиес“ и тие се на прагот на излекување, додека кај 3 деца имало алергиски реакции, појасни Ременски на прес-конференцијата во Домот за доенчиња и мали деца.

За време на денешниот престој во Битола, министерката Ременски најави продолжување на постапката за реновирање на објекти кои се во надлежност на Министерството. Наскоро се очекува со ова да биде опфатен Дневниот центар за стари лица во населбата „Буковски ливади“.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!