Министерката Апостолска и холандскиот амбасадор Пломп ја одбележуваат Европската недела на мобилност

Од:

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и амбасадорот на Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп често одат на работа со велосипед. Денес решија тоа да го направат заедно, со цел да ја одбележат Европската недела на мобилност, но и да ги поканат сите граѓани да го следат овој пример.

Двајцата го изразија своето задоволство што гледаат се повеќе луѓе на велосипед, кој е најлесниот, најефикасниот и најеколошкиот начин на превоз за Скопје. Се согласија дека е потребен заеднички труд од централната и локалната власт, како и од граѓаните, со цел Скопје да се направи вело-град, но и дека придобивките од ова ќе ги почувствуваат сите.

Слоганот на овогодинешната Европска недела на мобилност е „Споделувањето те движи напред“, а вкупно 12 града од Македонија веќе имаат пријавено свои активности како дел од оваа мрежа.

Би можело да ве интересира

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Штипскиот регион еден од најатрактивните за инвестиции

А1он

Царовска: Инвестиции во нови градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци со грант од Светска банка

А1он

Силјановска: Владата се фали со 600 милиони, а инвестирани се само 67,9 милиони евра

Предраг Петровиќ

Дехари: Напролет инвестиции од кичевската дијаспора