Министер за здравство со ново име – ЌЕ

Од:

Од секое дрвце свирче не бидува ниту биднало

Инвестиции од 200 милиони евра ЌЕ има во здравството. ЌЕ се гради нов клинички центар во Скопје, Штип, Битола и каде уште се не. Нова апаратура ЌЕ се инсталира од вредност околу 900 000 евра , ЌЕ се купи нова апаратура во вредност од 1 милион евра, нова хибридна кардиохирушка сала ЌЕ биде активирана што ЌЕ ја намали смртноста од 40 на 2%.

Леле се наслушав ЌЕ ноќна мора и кошмар ЌЕ ми стане. Па добро бе Тодорофф дали мислиш дека можеш сеуште да одиш по клиниките и да делиш шарени бомбони на оноа малкуте лековерници во тебе. Месија им се направи, испадна Јуда. Целокупното твое работење до сега го сведе на ЌЕ и пак им повторуваш од почеток пак дека ЌЕ. ЌЕ во Македонија стана идно време од глаголот лажам. Епа од како го излажавте и народот и докторската фела пак му викате ЌЕ?

Аман веќе дајте малку усул во сето ова кое сте го смислиле и доста инфо имаш примено од кодошите твои можеби намерно те лажат провери ги. Ајде јас да ти кажам како е реалноста. Гледаме какви негативни мислења си давал за се што би значело спасување на животи и како си крател од најнеопходните реални потреби. Повторно се дрзнуваш да кажеш дека ЌЕ ги средиш работите наредниот месец или догодина па тоа се коси со здравиот ум на секој човек. Потоа праќајќи ги твоите послушници по тв емисии со зададени задачи правиш револт кај граѓаните да и на тие стручњаци кои дошле да играат твои марионети во твојата замислена претстава наречена – „Во имагинарниот медицински свет на Тодорофф“, им ги убиваш имињата, им ја уништуваш репутацијата, стручноста и правиш да нивните поколенија се срамат од нив самите.

Зарем досега не направи дистинкција помеѓу реалноста и она што ти со ЌЕ им го ветуваш толку дрско лажно пред граѓаните дека ЌЕ ти се удри и тебе и ним од главите? Шест години ветуваш а ништо не остваруваш, зарем е можно до тој степен да ги тераш работите дури и по наредба да за Кардиохирургија книгите за интервенции се променети тотално? Дали за тендерите веќе не важат законските правила? Дали за одредени клинички набавки алармантно се врти по телефони и се моли да се испорачаат неопходните работи?

Батали ги бројките кај тебе, а и за пациентите веќе ништо не значат бидејќи се кажани од твојата уста . Е Тодорофф, очите нема да можеш веќе да им ги сопреш на оштетените вработени, а тек нивните усти не ЌЕ можеш да им ги затвориш. Документи излегуваат веќе од секоја институција а и од министерството твое, иако морам да кажам твоите директори се дрзнуваат народните клиники да ги нарекуваат свои демек од татко им како да биле донирани уште една поголема грешка, а и доказ дека ти немаш никаква контрола и наликуваш веќе на Хитлер пред падот на Берлин. Да знаеш дека малку и економија треба да примениш во здравствениот сектор ама како орјентир до каде сме а не да мафтосуваш дека сме меѓу првите со здравствениот систем во Европа, медицинската економијата само сведи ја на тоа колку осигуреници имаш па по тој принцип да го воспоставиш здравствениот постулат и правец во кој ЌЕ се движиш ти и твоите марионети.

Македонија е мала заради егзодусот предизвикан поради вашите лоши политики стана ептем мала што значи дека ние веќе нови инфузии немаме. Немаме свежа крв, ни се иселија и децата и медицинскиот персонал кој е баран ширум светот, останавме само мал број на оние кои ни за карта не можеме да си обезбедиме. Поради таа причина не не споредувај напразно со големите држави, смешно е и жалосно. Молба, бидејќи си џиу џицу мајстор, дај почни да не штитиш како персонал, пак нападите зачестија, џабе активира СГС без тебе ништо облечи кимоното и право на дежурства повторно како што идеше порано, ама сега не да не ловиш кај пушиме и спиеме, туку да не пазиш како што треба, галиба без тебе тешко ЌЕ ни е и ЌЕ мораме да си заминеме. Од сега натаму слободно нарекувај се Министер ЌЕ.

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска