Милошоски: Негласањето за изборните правила е алиби на Црвенковски за поразот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку Антонио Милошоски, а ДУИ преку Ермира Мехмети-Деваја  одговорија на обвинувањата на СДСМ  за носењето на Изборниот законик без консензус и без вградување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

 

Милошоски оцени дека СДСМ сака да наштети на угледот на Република Македонија пред Европската комисија.

„Оние потези и предлози кои ги даде СДСМ, особено како што тие го нарекуваа клучниот предлог со забрана на јавни настапи на политички избрани лица кои ја добиле довербата од граѓаните беа со цел да не се создадат услови за консензуално усвојување на Изборниот законик. СДСМ погрешно ги толкува препораките на ОБСЕ иако и самите велат дека преоритетните препораки по однос на користењето на буџетски средства, техничкото извршување на функцијата, отпочнувањето на проекти инфраструктурни, спортски, образовни и кои било други се многу прецизно наведени во амандманите кои што ги усвоивме и се дел од Изборниот законик“, рече Милошоски.

Претседателот на СДСМ, вели Милошоски е свесен дека не може да испорача изборна победа каква што сака да претстави и немајќи го тој капацитет во својата партија сака да најде изговор и алиби со неконсензуалното усвојување на законикот и создавање вештачки забелешки и неприменливи амандмани, да добие изговор за да ја обвини власта дека изборните резултати не биле или нема да бидат резултат на волјата на граѓаните – рече Милошоски.Милошоски бара со заедничка петиција да се поттикне ДИК да го забрза ажурирањето на избирачкиот список.

„ Ние очекувавме дека опозицијата ќе учествува во гласањето . Очекувавме заедно да настапиме денеска и власта и опозицијата во името на европската агенда, за жал тоа не се случи“,  рече Ермира Мехмети Деваја .

Измените на Изборниот законик, денеска беа изгласани без консензус и само со гласовите на владеачката коалиција.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски