Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница рече дека нема да дозволат незаконски истраги на СЈО надвор од законскиот рок.
„Она што можам да го истакнам е дека е намалена динамиката на средби, како и на иницијативата која беше поголема од Министерството за правда. Не знам дали е тоа поврзано со најавените промени во Влада, но јасно е дека средбите речиси ги нема. Премиерот Зоран Заев истакнал дека има нови барања, ние сите наши барања, согласно препораките на судот во Стразбур, ги преточивме во 65 амандмани”, рече Милошоски. Тој додаде дека нивниот нв предлог е усно кажан и се однесува на новиот обвинител кој ќе биде на чело на ова обвинителство да биде со повисок просек од Правниот Факултет.
„Сметам дека ДУИ и СДСМ ќе го прифатат џентлментски”, додаде тој.
Според Милошоски, 15 амандмани се посуштински. „Доколку сакаат да го подобрат текстот, би требало овие 15 да ги инкорпорираат во постојниот текст или да ги подобриме заедно, ако навистина имаат желба да се подобри овој закон. Моето мислење во однос на обвинителството и датумот за преговори е дека некој не ја говори вистината, односно Дане Талески, кој му е советник. Ако тој не му е добар треба да го тргне. Но, тој сега има анонимен советник кој има јаки врски со Макрон, па ќе видиме каде ќе го донесе”, рече Милошоски.
Што се однесува до спорниот член 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори, Милошоски рече дека членот 105 може да постои, но дека незаконити истраги нема да дозволат.
Габриела Димковиќ-Мишевска