(ВИДЕО) Милошоски со аудио снимки во Собрание: З.З. знаел со чии пари Боки 13 прави телевизија

Од:

Пратеникот Антонијо Милошоски денеска пред пратениците во Комисијата за европски прашања пушти аудио запис, во кој, според него, се слуша гласот на лицето З.З. (алудирајќи на експремиерот Зоран Заев) како наводно разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

„Овој транскрипт фрла мала светлина зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки”, рече Милошоски пред пратениците.

Пратеникот го прочита транскриптот, бидејќи звукот во аудио снимката едвај се слушаше и беше речиси невозможно да се разбере.
З.З., според Милошоски, на друго лице чиј идентитет не беше кажан, наводно му се обраќа со следниве зборови, а во врска со обвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски:

„Му требаат пари за телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски, од тоа проектот за старечките домови”,рече Милошоски читајќи го транскриптот од снимката.

Пратеникот Милошоски рече дека оваа снимка е од „свиркач“ и сакал да ја сподели со јавноста бидејќи содржела индиции за вмешаност во криминал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска