Милошоски: Македонија е грчка колку што е „Аљаска“ руска

Од:

Антонио Милошоски по вчерашната изјава на претседателот на Грција, Прокопис Павлопус на својот Фејсбук профил напиша дека Македонија е грчка колку што е Алјаска руска.

„Македонија е грчка, колку што е Аљаска руска. Но, сепак би рекол дека има нешто Фројдовско во потребата на Претседателот Павлопулос токму во градот Воден да изјави дека Македонија е една и грчка. Тој си знае зошто“, напиша Милошоски.

„А кога станува збор за Македонија, она што го знаат и тој и сите земји членки на Обединатите Нации е дека пресудата од Судот во Хаг е една и меѓународна, ниту грчка, ниту македонска. Затоа во име на владеењето на правото, време е официјална Атина да ја примени пресудата од Хаг“, напиша на Фејсбук, Милошоски.

milososki

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски