Милошоски: Јанева и тимот го претворија СЈО во партиска испостава на СДСМ

Од:

Последната изјава на госпоѓата Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во Специјалното јавно обвинителство не претставува непотизам е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерие кон принципите за транспаретност и за праведно работење, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ, туку без било каков пардон се повеќе симпатизери, внуци, роднини, пријатели и други луѓе, вдомуваат на државен буџет.

Со ваквите постапки, госпоѓата Јанева ги потврди мислењата на граѓаните дека СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам.

Катица Јанева заборава дека е избран функционер и дека не раководи со приватна фирма за да може да вработува кого сака и како сака, туку работи со државна институција основана од Собранието која што треба да даде отчет и пред институциите и пред граѓаните.

Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор, но не кажа колку е морално истиот да биде дел од тимот на органите на прогонот и на ова обвинителство. Катица Јанева исто така заборави да каже колкава плата му определила на нејзиниот внук и дали внукот на Катица Јанева е најдобриот правник или економист во Република Македонија, за тој да мора да биде врабоотен во Специјалното јавно обвинителство за висока плата?

Катица Јанева должи и други одговори за непотизмот и партизацијата на СЈО. Дали е точно дека СЈО ја вработило и Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ, член и висок функционер на СДСМ?

Дали е точно дека СЈО ја вработила и Катерина Рамбабова чија мајка беше кандидат за пратеник од СДСМ, а нејзиниот татко беше споменуван во одредена афера бидејќи како судија имал членска книшка на СДСМ?

Дали е точно дека СЈО отпочнала со поширока акција за вработување и наградување на сите оние кои што учествуваа во платеничката револуција на СДСМ и Сорос? И во тој контекст дали извесен Пане Нацев од Неготино кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување на државни и културни објекти е дел од вработениите во СЈО“, рече Милошоски

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов