Милошоски: ДУИ не инсистираше за СЈО како што прикажува, отворени сме за нови преговори

Од:

Антонио Милошоски во емисијата „10 минути“ на ТВ21 рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не пратиле писмена гаранција до ДУИ, како што тврдат од партијата на Али Ахмети. Според него, овие две партии се долго во коалација и секогаш се почитувал дадениот збор, затоа немало потреба од документи. Тој воедно ја отфли како неточна информацијата дека со ДУИ преговарале и по истекот на мандатот за состав на влада, но не ја отфрли можноста за идни преговори.

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сугерираат дека без нив во власта ќе има криза во Македонија. Затоа што, според Милишоски близу половина милион нивни гласачи очекуваат партијата да ги претставува. Тој рече дека од ДУИ не стоеле на зборот од 2007 година кога таа партија бараше, како што рече, почитување на принципот влада да формира победник со победник.

Милошоски тврди дека камен на сопнување во преговорите со ДУИ не било прашањето за СЈО, туку било барањето на ДУИ за воведување на двојзичност на цела територија на Македонија, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.

Преговорите главно пропаднаа поради јазичното прашање. Во однос на СЈО, двете партии се договорија дека не можат да се договорат, а ниту ДУИ не инсистираше толку колку што го прикажува тоа во јавност – вели Милошоски и демантира дека ВМРО-ДПМНЕ и дала и писмени гаранции на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните