(ВИДЕО) Милошоски: Доколку македонскиот јазик и народ бидат споменати, опозицијата ќе го поддржи договорот со Бугарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозни забелешки на договорот со Бугарија и предлози како би требало тој да се надгради и подобри, изјави Антонијо Милошоски по завршување на Комисијата на која премиерот Зоран Заев го презентираше договорот пред опозицијата и албанските партии.

Милошоски вели дека потпишувањето на декларацијата во 1999 година во Бугарија не била обврзувачка, туку препорака, за разлика од договорот кој сега треба да се потпише, и е правно обврзувачки и на него не треба да се гледа само како на успех, туку да се согледаат и последиците од неговото реализирање.
Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат пет точки кои треба да бидат применети во договорот:

– Дали македонскиот народ ќе биде споменат во договорот? Ако е тоа договор на добра волја тогаш би требало македонскиот народ да биде споменат и да стои во договорот.

– Дали македонскиот јазик ќе биде споменат во договорот?. Со тоа се става посебност на јазикот како различен од бугарскиот.

– Дали премиерот Заев е подготвен да потпише договорот со кој се обврзува да се грижи за Македонците надвор од државата?

– Јасно разграничвање на делот на заедничката и делот на посебноста на историите меѓу двете држави.

– Забележана е асиметрија на права и обврски во договорот. Повеќе права има за бугарската страна, а повеќе ограничувања за Македонија. Договорот треба да биде со симетрични придобивки за сите страни, изјави Милошоски.

Според него, доколку овие препораки бидат вградени, договорот ќе биде поддржан од Коалицијата „За подобра Македонија“. Но, доколку овој нацрт-договор не биде променет, ќе остане сомнежот дека ова било само ПР средба. ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира ова да не биде краторочно успешен проект, затоа што ако договорот има правно-обврзувачко дејство може да создаде околности кои ќе бидат на штета на земјава понатака.

Милошоски исто така порача дека не е важно колку бргу ќе се потпише договорот, туку да се работи на подобрување на квалитетот на текстот на овој договор. Тој вели дека во партијата има расположение за повторна средба со Заев за да се разговара за ова прашање, но вели дека забелешките и препораките кои ги дале се категорични и нема отстапување од нив.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски