Милошоски: Да беше Зоран Заев невин тој ќе побараше судска разрешница за „Пуч“

Од:

„Денес уште еднаш да потсетиме за непрофесионалноста на Катица Јанева, која што ја погази заклетвата која ја има дадено како обвинител и наместо обвинител на осомничениот криминалец Зоран Заев, се појави како негов бранител.

Истовремено многу интегативно што неколку дена имаме молк и од госпоѓата Катица Јанева и од Зоран Заев. Никој не сака да се јави да објасни зошто е повлечено обвинението, ниту пак Зоран Заев се јави да побара обвинението да има судска разрешница ако верува дека е невин.

Но целата јавност како и госпоѓата Катица Јанева и нејзиниот штитеник Зоран Заев знаат за вината што е сторена и за доказите што се прибрани.

Катица Јанева се откажа од предметот Пуч со срамно образложение дека фактичката состојба прикажано во обвинителниот акт била во спротивност со наводни докази кои што таа ги обезбедила за други два предмета. Но да потсетиме доказите ги оценува судот, Катица Јанева во моментов е обвинителка но сеуште не е судија. И СЈО е обвинителски орган, а не судски совет.

Со одлуката со повлекување од предметот Катица Јанева се постави во улога на суд, излегувајќи од сопствените ингиренции и почна сама да ги суди и цени доказите се со цел да му помогне на обвинетиот Зоран Заев.

Предмети на кои се повикува Катица Јанева за да го ослободи Заев се уште се во фаза на истрага. А, предметот од кој што се откажа и го повлече обвинението имаше правосилен обвинителски акт.


После оваа скандалозна, политичка и непрофесионална одлука на СЈО повеќе нема дилеми. Предметите на кои ги отвара госпоѓата Јанева се отпочнати од една единствена причина, само да му се помогне на Зоран Заев уште еднаш преку политиката да ја избегне својата кривична одговорност. 
Катица Јанева знае дека признанието на Ѕвонко Костовски е непобитен доказ за организираната криминална мрежа на Заев и Верушевски.

И знае дека скајп комуникацијата во која што се заговараат и граѓански немири е непобитен доказ за делувањето на оваа група.

Катица Јанева знае дека материјалите се обезбедени со посебни истражни мерки и тие ја потврдуваат одговорноста на Заев.
Затоа госпоѓата Јанева се одлучи со политички акт а, не со обвинителски или правен акт да го заштити политичарот Зоран Заев кој што ја злоупотребува политиката за да се затскрие од своите криминални влијанија.

Да беше Зоран Заев невин тој ќе побараше судска разрешница на овој случај, а да беше Катица Јанева професионален обвинител, па во овој случај ќе го доставеше до судот и ќе излезеше на рочиште да ги претставува доказите во улога на обвинител.

Но како и да е, ние изјавуваме дека овој случај не завршува со политичката одлука на Катица Јанева, и порано или покасно Зоран Заев и Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле на Република Македонија и за што се обезбедени докази“, изјави Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски