Милошоски: 30 нови странски инвестиции до 2018-та година

Од:

Одлуката на девет компании да инвестираат во Македонија, што ќе значи нови 13.000 вработувања, дава основа за реализирање на нашата програма и на главното ветување за привлекување 30 нови странски вложувања од 2014 до 2018 година. Ова е денешната порака од Битола, рече Антонио Милошоски, носител на пратеничката листа од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, по средба со граѓаните.

– Денеска пораката од Битола и од цела Македонија е дека со задоволство ги примаме вестите што последниве 30 дена се донесени одлуки на девет странски компании да инвестираат во Република Македонија и со тоа да создадат директни и индиректни 13.000 нови вработувања, што ни дава основа за реализирање на нашата програма и за привлекување 30 нови странски инвестиции, нагласи Милошоски.

Така, потенцира, ќе зајакне економијата, ќе се отворат нови работни места и ќе се подобри животниот стандард.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз