Милков: Не можеме да прифатиме дека од трговија со дрога се финансираат бугарските клубови

Од:

Бугарија ќе ги преземе сите мерки во врска со случајот „Пендиков“ и тие се веќе во тек, изјави министерот за надворешни работи Николај Милков.

Милков рече дека кога се случил нападот врз Пендиков првично владеела паника и на различни нивоа препознале дека се работи за кривично дело од омраза.

– После тоа почнаа да се исценираат сценарија дека Пендиков е наркоман и дилер, а најхрабрите тврдеа дека бугарските клубови се места на организиран криминал и дека се финансирани од трговија со дрога. Ова е наратив што не можеме да го споделиме и ќе ги преземеме сите мерки“, изјави Милков за БНТ.

Тој веќе ги информираше министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на Советот за надворешни работи во Брисел. Писмен меморандум за овие прашања е доставен до сите земји-членки.
Милков изјави и дека за прославата на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари двете земји и главно институциите во Македонија мора да останат смирени и да се воздржат од какви било провокации за да се обезбеди потребниот ред, секој што сака да оди и да се поклони.

„Што се однесува до контранападот против Ангел Џамбазки и други наши политичари, мислам дека ова е дел од некој нов македонски наратив да се направи така што нападот против Бугаринот прво да се минимизира, а систематските напади врз бугарските клубови и заедници таму ескалираат. Се започна со усвојување на репресивен закон таму, продолжи со подметнување пожар за што е добиена условна казна, по што следеше пукање, а сега и физички напад врз лице кое е припадник на бугарската заедница. Таму сакаат да ни наметнат поделена вина. Од двете страни на границата има луди глави. Не може да има такви аналогии“, рече Милков.

Тој потсети дека во фокусот на францускиот предлог е почитувањето на правата Бугарите во Македонија.

Тој не сакаше да ги коментира зборовите на македонскиот претседател Стево Пендаровски, туку само рече:

„Како доктор по историја можам да кажам дека ако има жртви на едната страна – спомнува 12 лица, би споменал илјадници луѓе кои биле масакрирани, 300.000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде што стотици Бугари беа интернирани и загинаа по Втората светска војна, само затоа што имаат бугарско самосвест.Тие немаат поим за нивната историја бидејќи сè уште не ги отвориле архивите на тајните служби, можеме да им помогнеме во тоа ако сакаат“, рече Милков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит