Милевски: Меморандумот за соработка помеѓу МЛС и ФИТР ќе ја зголеми конкурентноста на планските региони

Од:

Реализација на ваучерската програма за градење на капацитетите на претпријатијата и приближување на инструментите на Фондот за иновации и техонолошки развој (ФИТР) и можностите за финансиска поддршка кои државата ги нуди на домашните компании низ целата земја ќе овозможи Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа Министерството за локална самоуправа (МЛС) и ФИТР. Соработката ќе се оствари преку регионалните бизнис центри во рамки на центрите за развој на планските региони.

-Потпишавме Меморандум со цел заеднички да им помогнеме на малите и на средните претпријатија полесно да пристапат до буџетските средства кои што се наменети за нивна поддршка и развој. Заедно со швајцарската Влада преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, МЛС обезбедува три милиони денари или 51 отсто, а Фондот за иновации другите 49 проценти од средствата за финансиска поддршка наменета исклучиво за ваучерската програма за градење на капацитетите на претпријатијата во земјава, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Според него, целта на ваквата меѓусебна соработка е преку ваучерската програма да се придонесе за зголемување на конкурентноста на планските региони со поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, целосна информираност на потенцијалните корисници од сите плански региони за можностите за условите и начините за користење на средства од програмата, како и обука на администрацијата која што треба да ги обезбеди услугите.

– Поддршката ќе се реализира преку бизнис центрите кои што функционираат во рамки на центрите за развој во сите осум плански региони. Бизнис центрите ќе функционираат како регионални канцеларии кои ќе ги информираат потенцијалните корисници за сите јавни повици на ФИТР за поддршка на приватниот сектор, потоа ќе обезбедуваат техничка поддршка на потенцијалните апликанти од соодветниот регион, за сите активни повици за секој поединечен инструмент, а ќе даваат оперативна и финансиска поддршка на ваучерската програма за градење на капацитетите на претпријатијата во земјава. Очекувам дека соработката ќе продолжи и во наредниот период, врз основа на искуството што ќе го изградиме и врз основа на задоволството на клиентите, конкретно на бизнис секторот. Со поддршка на малите и средните претпријатија го поддржуваме развојот на регионите, зголемувањето на бројот на нови работни места, подобар стандард за живеење во сите делови од државата, појасни тој.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров истакна дека ФИТР останува посветен партнер на македонските компании.

-На овој начин продолжуваме заедно со бизнис секторот да генерираме нови инвестициски циклуси и забрзан економски раст базиран на иновации и технолошки развој, како и зголемен број на вработувања. Целта на денешната соработка е да ги приближиме инструментите на Фондот и можностите за финансиска поддршка кои државата ги нуди на домашните компании низ целата земја. Со ваков пристап на децентрализирана поддршка и информации сакаме да ги поттикнеме компаниите во сите плански региони, а не само од скопскиот, да аплицираат во Фондот и нивните бизнис идеи заедно да ги претвориме во успешни проекти, потенцира Петров.

Според амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Сибил Сутер Техада, развојот на претприемништвото започнува локално, но сепак во голема мера се потпира на поврзување на претприемачите со вистинските ресурси што им се потребни за да ги развиваат своите деловни активности.

– Користејќи ги осумте бизнис центри во рамките на центрите за развој на планските региони како неформални сателитски канцеларии на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе обезбедиме повеќе мали и средни бизниси низ целата земја, особено во заостанатите региони, да добијат вреден пристап до информации за можностите што им се достапни. Затоа веруваме во важноста на градењето, поврзувањето, зајакнувањето и растењето на екосистемот на претприемништво во Северна Македонија и ќе продолжиме да работиме заедно за да постигнеме одржлив и инклузивен економски раст преку создавање работни места и подобрување на деловното опкружување, рече таа.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on