Милевски: Еднакви услови за сите деца, по 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани

Од:

Тринаесет деца од оваа учебна година ќе можат да ја следат наставата во нови училишни клупи, со нов прибор, во нови простории комплетно реновирани, саниран покрив, како и нови тоалети со воспоставување нов водовод и канализација, но и пристапни патеки, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски при посетата на реконструираното училиште „Пецо Даскалот“ во село Заполжани во општина Долнени.

Училиштето „Пецо Даскалот“ се реновира по 60 години, а за проектот што го спроведува Министерството за локална самоуправа, од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, во прва фаза се издвоени над пет милиони денари, а во втора фаза над еден милион денари.

Министерот Милевски денеска изврши увид на проектот „Изградба на инфраструктура за социјална инклузија и едукација на деца од рурални подрачја во Пелагонискиот регион – реконструкција на Основно училиште“, заедно со министерките за образование и наука и за одбрана, Мила Царовска и Радмила Шекеринска.

– Преку проектот за изградба на инфраструктура за социјална инклузија и едукација на деца од рурални подрачја во Пелагонискиот Регион се обидуваме да ја намалиме миграцијата од село во град. Со овие проекти, освен во образованието, вложуваме и во здравството, животната средина со цел еднакво општество за сите и во урбаните и во руралните средини, рече Милевски.

Како што информира Министетството за локална самоуправа, министерката за одбрана Шекеринска рече дека при разговор со жителите, едно од децата во селото Заполжани и ја кажало неговата неостварена желба училиште да се реновира и така почнало да се размислува за можноста за реконструкција.

– Пред нешто повеќе од една година, разговаравме со жителите на ова село, разговаравме со нивните деца, ги слушнавме нивните апели дека сакаат да останат дома, дека сакаат ова село да продолжи да биде живо и активно, меѓутоа за селото да живее, треба децата да одат во пристојно училиште. И, навистина, ставот и мој и на моите колеги беше дека апсолутно состојбата на тогашното мало, запуштено, занемнарено училиште е непрефатлива. Меѓутоа, денеска сме тука за да децата го видат своето ново училиште, но и ние да можеме да кажеме дека зборот навистина испаднал збор и дека по нецела веќе година од почетокот на работите на ова училиште, денеска имаме објект кој не можеме да го препознаеме. Тука ќе можат децата да бидат посигурни, ќе може наставата да биде поквалитетна, а ние ќе можеме да кажеме дека го подобруваме животот во секое село и во секоја општина. Со ова покажуваме дека ниту едно село и ниту едно дете не може да биде и не смее да биде заборавено, истакна министерката Шекеринска.

Министерката Царовска при посетата изјави дека со реконструкција Владата ги исполни ветувањата на жителите и на децата дадени пред нецела година за реконструкција на училиштето.

– Навистина сум среќна што денеска сме овде во обновеното училиште кое доби целосно нов и современ изглед, а учениците од септември учебната година ќе ја почнат како што доликува, во безбедни и достоинствени услови. Со осовременување на училишните објекти и обезбедување современи услови за настава ги задржуваме младите во своите родни места, со што придонесуваме за рамномерен развој на целата држава, рече Царовска.

На настанот присуствуваа и Џемил Ќамили, градоначалник на Долнени, кој им го честита на децата ново училиште и им посака успешна 2021/2022 учебна година, а директорот на основно училиште, Славе Здравкоски, истакна дека е среќен што по 60 години училиштето добило нов лик.

Гого Видимче, директорот на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, изјави дека успешното спроведување на политиката за регионален развој е директно поврзана со поширокото разбирање на овој концепт и обезбедување на потребната поддршка од страна на релевантните институции.

Би можело да ве интересира

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов