Милчин: Фантоми шетаат по Фејсбук

Од:

Професорот по актерска игра на ФДУ во пензија и извршен директор на ФООМ, Владимир Милчин, на својот ФБ профил напиша:

milcinFB22fev

ФАНТОМИ ШЕТААТ ПО ФЕЈСБУК?

Вчера, откако го споделив написот на Плусинфо под наслов „Милчин: Утробата се крева од телефонските разговори, следува драматичен период“, добив подолг коментар од Мирко Христов од Струмица и барање за пријателство. Пријателството го прифатив зашто името ми звучеше познато, а на коментарот мислев да му одговорам денес. Коментарот не беше непријателски, туку беше апел за мој личен ангажман во разрешувањето на ситуацијата во државата. Но, неговите очекувања беа превисоки и ги надминуваа и моите можности и моите уверувања. Тој сметаше дека треба да се прогласи мораториум на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. И денес, кога седнав да напишам статус како мој одговор на неговиот апел/барање, видов дека коментарот го снема, а го снема и Мирко од пријателите. Фантом? Или разубедиле? Го освестиле дека не е точно дека мнозинството граѓани се согласуваат со мене за содржината на разговорите (така некако пишуваше)? или му се заканиле? Како и да е, го снема човекот, ја снема и фотографијата, го снема коментарот. Но затоа се појавија коментари кои ме прозиваат дека како „кодош со пусулче“ треба да замолчам. Како што го замолчаа Љубе, со подметнати банкноти. Така и мене, со подметнати документи. Не ги избришав фантомите. Нека сведочат за гнасотиите на режимот. Ќе дојде и денот кога операцијата „лустрација“ ќе биде разголена до крај и ќе стане јасно како биле прикривани вистинските соработници, по волјата на налогодавците кои „сотирале“, а претседателот без мандат исполнувал.

Би можело да ве интересира

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Милчин до Адеми: Како не ти е срам, пицеријата кај чинарот е скала?

Татјана Ташкова

Заев-Сорос: Македонија презеде клучни чекори за стабилност, безбедност и економски развој

Ана Ололовска

Сорос купил обврзници во Тесла

Наум Локоски

Милчин: Милошоски не може да разбере дека критиките кон Заев не се со цел Мицкоски да дојде на власт

Ана Ололовска

Милчин: Признавам, не верувам веќе во Заев, се излажав

Наум Локоски