Миланов: Настанот во М-НАВ се случил зад грбот на Незири, без негово учество

Од:

Упадот во М-НАВ е започнат со дезинформација дека тепачката била во контролната кула на македонската навигација, вели адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува Беким Незири.

„Во овој настан ниту има нешто што се случува во контролната структура, ниту во близина на таа контролна кула, ниту пак со лице кое што во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи целата оваа фама и разногласие“, вели тој.

Според адвокатот, Незири во рок од половина час се јавил на распит во МВР и ги дал сите наводи што ги имал.

„Незири и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков придонес затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ. Да направиме дистинкција помеѓу зградата и контролната кула на М-НАВ“, кажа Миланов.

Незири денеска се појави во кривичниот суд, но овој пат со неговиот адвокат Еленко Миланов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка на Дедо Мразовци во продавница

А1он

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Голема тепачка во Сарај: Во средно училиште се истепале две групи на мажи

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски

За прегазувањето на Југослав Николовски, 25 годишниот моторџија се бранеше со психијатриско вештачење на вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит