Миланов: Исказот на Нинџа е дискредитиран и не може да биде основа за осудителна пресуда

Од:

Адвокатот на одбраната во случајот „27 април“ Еленко Миланов смета дека исказот на единствениот сведок на Обвинтелството, Александар Василевски – Нинџа е дискредитиран и не може само врз основа на него да се донесе осудителна пресуда.

– Од она што јас досега го видов во оваа постапка, мислам дека единствениот доказ на Обвинителството, Александар Василевски Нинџа е деградиран до крајни можни граници и сметам дека не може да биде основа за осудителна пресуда само со тој исказ, изјави Миланов во пауза на денешното рочиште.

Во изјава за медиумите, Миланов оцени дека процесот досега регуларно се одвива и оти сведоците на денешното рочиште покажале што реално се случило на 27 април 2017 година во Собранието.

– Митко Чавков беше јасен и дециден дека никогаш ниту имал комуникациија ниту се познава, а за лицето Александар Василевски Нинџа знае само од полициските извештаи околу неговите криминални дејствија. Тој ја објасни постапката и постапувањето на полицијата на тој ден и дека без отворање на вратите, ништо немаше да се случи во Собранието што според неговото тврдење, а верувам и општо познато е дека тоа било изненадување и за самите полициски службеници кои биле на лице место, рече Миланов.

Полициските сили кои биле поставени на 27 април, рече Миланов, без отворање на вратите, би можеле да спречат било каков поголем инцидент.

Би можело да ве интересира

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

(ВИДЕО) Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи за 27 април, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Повторување на постапката и јасни судски пресуди, а не амнестија за осудените за „27 април“, бараат од „Стоп на политичкиот прогон“

Кривичен ја уважи амнестијата за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“