(ВИДЕО) Мијалков: Бошкоски не беше апсен поради мој анимозитет кон него, туку врз база на докази

Од:

Во текот на нашето работење, како еден од членовите на раководството нај одговорно тврдам дека никогаш не се работело врз основа на било каков анимозитет туку исклучиво врз база на докази, рече првообвинетиот Сашо Мијалков на денешното рочиште за предметот „Тортура“, каде заедно со уште шест припадници на единицата „Алфа“ е обвинет за извршена тортура при апсењето на Бошкоски.

– Во случајот со апсењето на Бошкоски постоеле докази врз основа на кој надлежниот судија дал налог за апсење за кривично дело за кои јавноста имаше прилика да го види од видео материјалите на кои се гледа како Бошкоски по трет пат зема незаконито 100 илјади евра во кеш кои ги фрла за да се ослободи од нив. Се дава во бегство по што овластените службени лица од Бирото за јавна безбедност видовме како го уапсија согласно стандардите и обуките кои ги имаат поминато, рече Мијалков по што додаде дека ниту еден доказ во постапката досега не укажал на тоа дека станува збор за анимозитет како причина за апсењето на Бошкоски.

На денешното рочиште за „Тортура“ се пуштаат видео снимки од прес-конференции и говори на оштетениот Бошкоски и членови на неговата партија од изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2011, на кои се говори за наводни сметки на обвинетиот Сашо Мијалков и Орце Камчев како и нивните јахти кои, како што вели Бошкоски во говорите, пловат под знамето на Панама која се смета за даночен рај.

По пуштање на првата снимка обвинетиот Мијалков повторно побара збор по што истакна дека Љубе Бошкоски јавно му се извинил за изречените клевети во говорите од предизборната кампања.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски