Мијалков бара јавна седница во скопска Апелација за притворот

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков во жалбата до скопските апелациони судии побарал јавна седница, дознава „Макфакс“. Во жалбата на Мијалков до второстепениот суд се бара решението за притвор да се преиначи, односно притворот да се укине, а на сила да останат претходните определени мерки на претпазливост.

Мијалков приговара на фактот што решението за притвор е донесено само врз основа на доставениот предлог од надлежното обвинителство, како и од извршениот увид во списите на кривичниот предмет, без да се сослушаат неговите аргументи и аргументите на адвокатите. Во жалбата до скопска Апелација на ексдиректорот на тајната полиција, се цитира и пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која е пресудено дека на жалителот треба да му биде дадена можност да ги претстави усно своите аргументи пред советот на судот.

Од содржината на аргументацијата во решението никаде не е утврдено што направил т.е. прекршил обвинетиот за да му биде определен притвор, пишува во жалбата. Во аргументацијата на судијката Џенета Бектовиќ, пак, пишува дека притворот е определен поради оперативни сознанија на Управата за финансиско разузнавање за обиди за бегство и поради тоа што постојат повеќе кривични постапки кои се водат против него, но, и заради околноста дека тој и неговото семејство имаат огромен имот, акции и удели во Македонија и Чешка, кои лесно може да се продадат.

Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот прашуваат дали Управата за финансиско разузнавање е надлежен орган кој, го спроведува извршувањето на мерките на претпазливост, и дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно ѝ биле познати на обвинителството. Мијалков во жалбата до судот прашува кои се физичките и правните лица кои се поврзани со неговите фирми, каква е нивната сопственичка структура и каков е нивниот корпоративен историјат.

Во жалбата е наведено прашањето на кој начин судот утврдил дека фирмите кои располагаат со големи приходи и парични износи на нивните сметки, иако не се на име на обвинетиот, се на име на некои други физички и прави лица. Според жалбата нејасно е на кој начин судот ја утврдил поврзаноста на овие физички и правни лица со Мијалков. Истото се однесува и на големиот број акции во правни лица во Македонија, како и удели во други правни лица во земјава, за кои не е наведено кои се, ниту колкав е бројот на акциите и уделите кои ги поседува обвинетиот, туку само е дадена општа констатација.

Судот, напишале адвокатите, и претходно знаел за постоењето на останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но тие тогаш не претставувале доволна основа за да не продолжат да опстојуваат изречените мерки на претпазливост.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“