Михаел Рот во Скопје на средба со премиерот Заев

Од:

Премиерот Зоран Заев попладнево во Владата ќе има средба со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.

Спроти посетата на Државниот секретар Рот, од германското МНР соопштија, дека тој изразил надеж од посветеноста на рефромите на новата Влада во земјата, чие формирање, наведуваат, беше долго и тешко.

– Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Одговорните политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се наведува во информацијата од германското МНР пред посетата.

Германскиот дипломат Рот доаѓа во Скопје по посетата на Белград.

Михаел Рот е еден од највлијателните дипломати во германското МНР, тој е член на германските социјалдемократи и еден од најблиските соработници на министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, кој е дел од кампањата на СПД за сојузните избори закажани за септември, а учествува и во меѓународната медијација за кризата во Катар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Рот: Пратениците побрзо да гласаат за уставни промени, луѓето се нетрпеливи

Ковачевски-Рот: Уставните измени ќе ја обезбедат европската иднина на Северна Македонија

Горан Наумовски

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов