Мицкоски: Во Комисијата за Уставот се зборува Македонија да стане бинационална држава, со два народи и неколку етнички заедници

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откри дека на комисијата за уставни амандмани се зборувало за целосно редефинирање на државата преку изменување на Преамбулата во која ќе стои дека Македонија е земја на два народи, на македонскиот и на албанскиот и на неколку етнички заедници, меѓу кои и бугарската.

– Јас сум загрижен од тоа што го добив како информација, дека предмет на таканарачената комисија за уставни измени која беше формирана без да се утврди потреба од отворање на Уставот. Не се зборува само за внесување за она минимално малцинство туку се зборува и за целосно редефинирање на македонската држава, да биде бинационална и да постојат два народи со неколку етнички заедници кои што сега се дел од народите во рамки на Преамбулата во Уставот.

Фали уште да се исцртаат границите и Македонија формално да биде бинационална држава. Знаеме дека ДУИ е главен играч во Владата и знаеме дека Ковчаевски добива финансиски надоместоци за ова да го прави, но тоа ќе го решаваме откако ќе ги добиеме изборите – рече Мицкоски при посетата на Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму тој му порача на премиерот Димитар Ковачевски да не си игра со македонскиот идентитет и достинствено да си го одработи мандатот.

– ТСакам да му порачам на Ковачевски да не си игра со трпението на народот и да не го уништува македонскито идентитет и да го распродава, затоа што за неколку месеци сето ова ќе заврши, ќе имаме техничка влада и избори.

Прашањето е каква трага ќе остави зад себе и каков однос ќе има откако ќе се шета низ македонските улици и сокаци овој човек имајќи предвид се што му направи на народот откако беше назначен за премиер. Му порачувам барем во овие последни месеци да ги помине достоинствено на функцијата и да не прави дополнителна штета и да се приклучи на македонскиот фронт – додаде тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он