Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска присуствуваа на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.

Премиерот Мицкоски на „Фејсбук“ објави дека со гордост ја претставуваат Македонија на местото на кое се носат важни одлуки за светот.

– Денеска, бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан што ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка. Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси – наведува Мицкоски во објавата.

Предвидено е, Мицкоски, кој со владина делегација престојува во посета на САД, да има обраќање пред Генералното собрание на ОН.

Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети на темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

Речиси 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија