Мицкоски: Уставни измени нема да поддржиме, нема повеќе такви предавници во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на маршот против францускиот рпедлог кажа дека продолжуваат протестите, зашто Владата прави национално предавство. Тој рече дека уставни измени не може да се направат без ВМРО-ДПМНЕ, а партијата нема да ги поддржи за Бугарите да влезат во Уставот.

– Потребни се 80 пратеници, тие да се сигурни дека тие 80 пратеници ги немаат, тоа треба да го знаат и во Македонија и надвор од Македонија.

Во однос на тоа дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ помогнаа да се изгласаат уставните измени претходно, рече дека тоа нема да се случи.

– Такви предавници во овој состав нема, ве уверувам и за тоа ќе гарантирам. Владата е група кукавици и не носи сама одлука и префрла на парламентот. Нашата стратегија е да му објасниме на народот дека ова не е неговата иднина туку неговото предавство, рече тој.

Мицкоски се осврна и на вчерашните инциденти.

-Сите што се обидуваат нема да наседнуваме на нивните провокации, знаеме кои се сценаристи, тоа се оние кои не сакаат ова да успее. Овој мирољубив народ знае дека силата е во масовноста. Ние веруваме во мирен и демократски начин на изразување незадоволство. Едно големо НЕ и на тие насилници кои скаат да ко искомпромитираат овој чист протест, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Две нови пресуди за инцидентите пред Собранието: Една година затвор за фрлањето молотов коктел кон полицијата, условна за подготовка

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Четири месеци затвор за пиштолџијата што впери пиштол во демонстрантите, па пукаше кај Скендербег

Кристијан Ландов

Приведено уште едно лице за инцидентот кај плоштадот Скендер бег, поднесена кривична пријава

Ана Ололовска

Приведени вкупно десет учесници во денешниот протест пред Собранието

Ана Ололовска

Петмина приведени оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест

Ана Ололовска