Мицкоски: Со набавката на канцероген мазут бил загрозен животот на граѓаните

Од:

Овие луѓе кои правеле стотици милиони евра бизнис практично се богателе на грбот на граѓаните со тоа што користеле такви недозволиви средства би рекол согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот на граѓаните, секој што се огрешил пред законот ќе одговара без разлика за кого станува збор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го случајот со набавка на канцероген мазут.

Премиерот при денешната посета во Општина Ресен по повод свечено поставување на камен – темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“ истакна дека ги охрабрува ваквите акции против организираниот криминал.

-Довербата во судството е таква каква што е јас немам што да додадам, но секој оној кој се огрешил пред законот ќе одговара без разлика за кого станува збор. Но дозволете да се заблагодарам на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и останатите припадници на МВР затоа што мора еднаш засекогаш да владее правото, правата држава и таа да биде подеднакво иста за сите граѓани, додаде тој.

Премиерот рече дека нема дополнително да коментира и ќе почека истрагата да се заврши.

-Да почекаме истрагата да заврши, па потоа да можеме да коментираме, кои се сите основани сомневања за кои што овие лица ќе бидат обвинети, дотогаш ќе се држиме до тоа што е соопштено на јавноста од институциите, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Мицкоски: Потребни се гаранции од ЕУ – секоја отстапка донесе нов услов

Мицкоски: Барањето за поголем правосуден буџет значи и повисоки плати