Мицкоски: Полукриминални групи под контрола на СДСМ и ДУИ вршат притисоци врз пратеници

Од:

Нема рационален човек во македонскиот парламент и што и сака добро на Македонија, а да не сака избори рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Па, мислам дека не би имало човек во Парламентот, рационален човек кој што и сака добро на Македонија, а да не посакува избори. Но, оние полукриминални групи кој што, високото раководство на СДСМ и ДУИ ги контролираат и се дел од македонското подземје, веќе почнуваат да вршат притисок врз тие пратеници. Јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за ова што го прават“, рече Мицкоски.

И покрај притисоците кои што почнаа да им се вршат, Мицкоски изрази убедување дека овие пратеници, кои што пред се му посакуваат добро на државата, ќе ги издржат притисоците од криминалните структури и останат доследни на кажаното, бидејќи борбата за Македонија нема цена.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он