Мицкоски-Пленковиќ: Македонија и Хрватска се значајни партнери, ВМРО-ДПМНЕ лобира за стратешките интереси

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб заедно со потпретседателот Александар Николоски оствари средба со премиерот на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, можностите за меѓупартиска соработка, како и јакнење на регионалната поврзаност и искористување на политичките капацитети кои стојат на располагање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека Република Хрватска е долгогодишен пријател на Република Македонија и тие капацитети на взаемно пријателство треба да се искористат дополнително.

Хрватска е членка во Европската Унија и НАТО, цели кон кои се стреми и ВМРО-ДПМНЕ и тука од огромно значење е поддршката од нашите пријатели како Хрватска користејќи го нејзиното искуство и веќе воспоставени врски и канали на комуникации во овие организации кон кој се стрмиме, истакна Мицкоски. Оттука Македонија и Хрватска се значајни партнери, ВМРО-ДПМНЕ лобира за она што е наш стратешки интерес, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека е потребен видлив напредок во поглед на овие стратешки приоритети, и дека македонската влада треба да се посвети на суштински реформи, кои ќе забележат реален напредок од кој корист ќе имаат граѓаните на Република Македонија.

Мицкоски го запозна својот соговорник за актуелната состојба во државата, каде има недостиг на дебата во однос на клучните прашања, носење на одлуки без соодветна дебата со опозицијата, и евидентен политички терор насочен кон неистомислениците кој ги загрозува демократските капацитети на државата. Корупцијата и потребата од реформи во судскиот систем остануваат отворени предизвици на кој власта нема одговор.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека државата се соочува со сериозни економски предизвици, слабеење на стандардот на граѓаните, и стагнирачка домашна економија.

Мицкоски посочи дека потребно е градење на мостови на соработка и ангажирање на пријателите на Македонија помеѓу кој е и Република Хрватска во остварувањето на стратешките интереси, како и зајакната економска соработка, капацитети кои треба да се ползуваат во интерес на меѓусебното пријателство и заедничкиот интерес на двете земји.

Соговорниците се осврнаа и на меѓупартиската соработка, и подготвеноста и ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ дополнително да соработуваат за сферите кои се од обостран интерес.

По средбата со словечкиот лидер на СДС, Јанес Јанша, средбата со хрватскиот премиер Пленковиќ е втора во низа на Мицкоски и Николоски како дел од балканската агенда на интензивни дипломатски разговори. Утре претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се очекува да оствари средба со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните