Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

Од:

На автопатот А3, Брегана – Загреб – Липовац, во близина на Новска, синоќа околу 22 часот се случи сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а две се тешко повредени. Како што потврди полицијата, несреќата се случи на јужната лента од автопатот, во близина на Рајиќ.

Тројца мажи и една жена, засега непознати, претрчаа преку патот како пешаци, поради што беа удрени од два автомобила.

Двајца пешаци загинаа на местото на настанот, додека двајца пешаци беа пренесени во Општата болница Нова Градишка поради тешки телесни повреди.

Во овој инцидент полесно е повредена една патничка од еден автомобил.

Телата на мажите беа транспортирани во Општата болница во Сисак, каде што ќе бидат извршени обдукции.

Би можело да ве интересира

Привремен сообраќаен режим од петок до понеделник на автопатот Солун – Евзони

Горан Наумовски

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски