Мицкоски: Ова е борба дали ќе нè биде или не како Македонија

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Охрид повика на победа на претседателските избори, кои ќе бидат најава за победа и на предвремени парламентарни избори.

„Ова не се само локални и претседателски, ова се избори за кои се одлучува за иднината на Македонија, за иднината на вашите семејства, ова е борба за принципи, вредности и исправање на сите неправди. Оваа е борба да се матира заевизмот што го задушува општеството. Ова е борба дали ќе нè биде или не како Македонија. Одговорот ќе го дадеме на 21 април, на 5 мај, а потоа на предвремени избори. Одговорот е – ќе нè биде и тоа како ќе нè биде“, рече Мицкоски.

Тој порача дека Македонија нема време за губење и порази и повика на поддршка за, како што рече, да се исправи државата на правиот пат и правдата.

„Ајде да ги поразиме и да го истераме Дамолковиот меч над нашата мила мајка Македонија. Длабоко во себе сите чувствуваме немир дека ја губиме како држава на сите полиња. Секој ден од Македонија има сè помалку, нема веќе простор за поразите што ни ги носат, доста е, чукна часот, дојде денот кога ќе се порази заевизмот. Мислат дека се силни и моќни додека ги газат Персијците во светот, а заборавија дека народот едвај од први до први скрпува крај со крај. Ќе ги победиме толку силно што нема да знаат што ги снашло. Се служат со невистини. Не била работава ниту за правда ниту за мир. Пари се во прашање, црни пари, пусти пари, привилегии и моќ. До гуша земјава ја турнаа во криминал и корупција“, рече Мицкоски.

На опонентите од власта им порача дека народот нема да им поверува на лагите и дека напразно ќе ветуваат сè и сешто на празни плоштади.

„Заев, готов си. Биди подготвен да се соочиш со законот, за целиот криминал и за она што му го направи на народот. Ваков лажго Македонија нема видено. Поминаa многу ликови, но Заев се надмина себеси, тој е принцот на лагите. Кога зборува за правда, личи на некој политичар од Северна Кореја кој зборува за демократија“, рече Мицкоски.

Пред граѓаните на Охрид поддршката ја побара и кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски, кој вети дека од Охрид ќе направи град како што заслужува модерен и развиен туристички центар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга