Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Од:

Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори, но доколку се согласат, ние сме секогаш подготвени за избори, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Прашан во однос на информациите дека во пресрет на локалните избори Арбен Таравари би можел да ја напушти и коалицијата Вреди и владината коалиција, Мицкоски рече дека нема такви информации, и дека владината коалиција функционира одлично.

-Немам такви информации дека ќе ја напушта владината коалиција и коалицијата Вреди. Напротив мислам дека владината коалиција функционира одлично, а што се однесува до локалните избори и како ќе се позиционира коалицијата Вреди, тоа прашање мислам дека е најсоодветно да го адресирате кон нив, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, по поставување на камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани.

За тоа како го коментира тоа што вицепремиерот Иван Стоилковиќ присуствува на настан против НАТО во Белград, а ние сме земја членка на НАТО, Мицкоски, рече дека не би го гледал тоа така.

– Не би го гледал ова низ таа оптика како што вие го кажавте, но за постапките и начинот, зошто е господинот Стоилковиќ таму, можеби е најдобро него да го прашате, изјави Мицкоски.

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање, во врска со објавите на дел од медиумите дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април, вчера рече дека односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни и продолжува да ја врши функцијата министер за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?