Мицкоски: На Бихачка глумат лажни патриоти во топлинки

Од:

„Избраа кандидат за претседател во мафијашки стил, во еден скап луксузен скопски хотел, деспотот си го избраа, а потоа ја собра коалицијата на тракленза маса и одлучија Стево ќе биде, е нема да биде Стево, Гордана ќе биде“, ова го порача вечерва лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од митингот на партијата во Општината Ѓорче Петров.

„Тие гледаат само како да се богатат, а ние сакаме да ја видиме Македонија богата и земја на богати граѓани“, рече Мицкоски пред присутните и повика на мобилизација и обединување за победа на следните парламентарни избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека веќе се изработува програмата за парламентарните избори.

„Не се срамиме да пееме Денес над Макеоднија се раѓа. Напротив. Со гордост пееме. Тие се срамат да чујат дека Македонците се борат за своите правдини“, рече Мицкоски.

„Има и такви малкумина се, маа група, кои што имаат подготвено сценарија на Бихаќска и глумат лажни патриоти најчесто во топлинки дома и тие имаат за цел за да го демотивираат и деморализираат овој масовен одзив на граѓани овде“, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пред Мицкоски говореше кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз