Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка

Од:

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите, истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон.

– Понудивме зголемување на платите на административните службеници за околу 40 проценти, ССМ го одбија покачувањето! А во делот на минималната плата, согласно закон, ние мораме да постапуваме според закон. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот момент кога работниците и работодавачите ќе се договорат, ние како странка тоа ќе го поддржиме и ќе го примениме, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук, споделувајќи го неговото вчерашно излагање во Парламентот на оваа тема.

Мицкоски вчера на пратеничко прашање посочи дека понудената опција сè уште стои на маса до сите административни службеници и оти кога тоа ќе се реши, 99 проценти од администрацијата ќе имаат регуларан однос со Владата како работодавач.

На административните служби потсети дека уште мината година им понудиле зголемување на платите од март 2026 година до истиот период 2028 година за речиси 40 отсто под услов изнаоѓање формулација на еден заеднички колективен договор, што, наведе, било одбиено од ССМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски