Мицкоски: Имам план како да го забрзам процесот на интеграција во Унијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски задно со советникот за меѓународна политика, Стефан Андоновски денеска имале средба со регионалниот директор на ИРИ, Олин Ветингтон, Овен Паун директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова програмски директор на ИРИ.

На средбата, како што стои во соопштението, се разговарало за „актуелната политичка состојба во државата, соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ, нашата европска перспектива, злоупотребите на власта и престојните парламентарни избори“.

Мицкоски истакнал дека соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ е на високо ниво и дека размената на искуство е од исклучителна важност во предизборниот период. Тој рекол дека најголем проблем со кој се соочува нашата држава е криминалот и корупцијата, односно злоупотребите на власта од страна на СДСМ.

„Токму ова тој го посочи како најголема пречка за остварувуање на стратешката цел членството во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да го забрза процесот на интеграција на Република Македонија во Унијата преку целосно посветување на внатрешните реформи во државата. Соговорниците беа согласни дека Македонија се наоѓа пред период кој е клучен за иднината на државата, односно дека иднината на државата зависи од фер и демократскиот изборен процес на 12 април“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

За Мицкоски одлуката да се запре постапката за набавката на мазут е „скандалозна“, очекува Вишото обвинителство правилно да ги разгледа фактите

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

ВИДЕО: Државата наликува на Лас Вегас, мора да има ред во игрите на среќа, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага