Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Штип запрашан како ја коментира разврската во ДУИ и како тоа ќе се одрази на владината коалиција, потенцираше дека оваа Влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Тој додаде дека не би сакал да навлегува во внатрешните работи на ниту една политичка партија иако сите политички партии се обидуваат ова единство во ВМРО-ДПМНЕ да го нарушат.
-Оваа влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Јас не би сакал да навлегувам во внатрешните работи на ниту една политичка партија, иако сите политички партии се обидуваат оваа кохезија, ова единство во ВМРО-ДПМНЕ преку одредени мешетарење и клинови да го нарушат, рече Мицкоски.
Тој порача дека не само што нема да успеат, туку и жестоко ќе бидат поразени.
-Ама ќе бидат поразени и внатре кај нив самите, а ќе бидат поразени и од ВМРО-ДПМНЕ и од народот на следните парламентарни избори, вели Мицкоски.
Прашан за неговите обвинувања дека има коалиција меѓу ДУИ, СДСМ, Левица и на што се поткрепуваат, Мицкоски со одговор дека има политички партии, кои со евтин популизам преку статуси на социјалните медиуми се обидуваат да го привлечат вниманието на леѓето, коишто какошто вели со право се разочарани од политиката. Таквата коалиција, вели Мицкоски, е се поочигледна во локалната власта каде што советниците на овие партии во општинските совети гласаат разно разни одлуку, како таа носењето на ДУП-от во Карпош со кој се овозможува бетонизација и изградба на десетици високо катници.
-Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден можевте да бидете сведоци на една непринципиелна коалиција, а тоа е коалицијата на политичката партија Левица, политичката партија ГРОМ и СДСМ каде што, да речеме, во општина Карпош заеднички си изгласаа Детален урбанистички план каде што ќе се градат десетици згради без да има услови за тоа да се направи, каде што не се предвидени градинки, училишта и така натаму. Тие кои што до вчера пишуваа статуси против урбанизацијата, сега заедно со принцовите на бетонот во Скопје ќе градат десетици урбани станбени блокови, истакна Мицкоски.
Таквата коалиција, додаде Мицкоски, може да се види и во Советот на Град Скопје каде што пред неколку дена советниците на СДСМ, ДУИ и Левица ги изгласаа програмите за работа на претпријатијата и институциите под надлежност на градот за заеднички да прават бизниси.
-Пред неколку дена, коалицијата Левица-СДСМ и ДУИ во Советот на Град Скопје ги изгласа заеднички програмите на работа на претпријатијата и инстируциите кои што се под ингиренции на Град Скопје, нормално, за да можат заеднички да прават бизнис. Ете така функционира, за жал, таа политичка партија која што во јавноста се обидува да се претстави себеси како опозициска. Но, таа е опозициска на ВМРО-ДПМНЕ, а таму каде што во советите треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ заедно со многу инсинуации, со многу опструкции работи против волјата на народот, односно против ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Затоа, пораката на Мицкоски до граѓаните и сите оние кои што се против оваа Влада на ДУИ, поддржана од малцинскиот коалиционен партнер СДСМ, е да се обединат околку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Воведувањето на данокот за солидарност, пак, според него, треба да биде причина за бизнис секторот конечно го крене својот глас. Тој истакна дека голем е бројот на бизнисмени кои во изминатиот период се жалат на притисок и лоша економска клима од страна на ДУИ и СДСМ. Со новиот закон со кој се наложува компаниите кои за време на криза лани оствариле голем профит, ќе треба да платат данок за екстра добивка за 2022година, се очекува во државниот буџет се слеат дополнителни 80 милиони евра.