Мицкоски: Единствена безбедносна закана за граѓаните е криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ

Од:

Единствена безбедносна закана за државата и граѓаните претставува криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ, а се друго е манипулација и сеење страв помеѓу граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на владини функционери дека ако сега не се реши прашањето со Бугарија ќе има можен безбедносен проблем за државата.

– Тоа го слушнав од еден соработник на Зоран Заев во владата, вицепремиер кој повторно се заканува со милитантни изјави дека ќе имало безбедносни проблеми. Сакам да ги успокојам граѓаните дека такви проблеми ќе нема. Единствена безбедносна закана за државата претставува криминалната коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, која што за жал придонесе да 45 луѓе ја доживеат онаа стравотна несреќа, 14 луѓе живи да горат во модуларната болница во Тетово, повеќе од 7.000 луѓе да го загубат својот живот поради неспособноста во справувањето со ковид пандемијата, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека сето тоа ни се случува поради широко распространетата корупција, односно трулиот систем и политичкото мочуриште кое е резултат на оваа нелегитимна, криминална коалиција СДСМ и ДУИ.

– Тоа е она што претставува сериозна безбедносна закана за граѓаните во Македонија. Сето останато не би сакал да верувам, преставува уште еден обид за манипулација и страв кај граѓаните од страна на овие политичари кои мислат дека живеат неколку децении во минатото наместо да живеат неколку децении во иднината, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека не би сакал да верува дека некој повторно сака да тргува на сметка на идентитетот на македонскиот народ и македонската држава за да може да заштити свои бизнис интереси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Клековски нов министер за здравство, Велковски за социјална политика и демографија, Стоиљковиќ за локална самоуправа, Перински директор на ФЗОМ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Цените во маркетите се приоритет, ако треба ќе се анализира „фактура по фактура“

А1он

ВИДЕО: Мицкоски вели има договор за реконструкцијата, имиња не потврдува до утре вечер

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за таа да клекне и да го исполни барањето, а истата опасна теза ја шири опозицијата во земјава