Мицкоски до Заев: Преговараш продажба на идентитет, ќе одговараш за велепредавство

Од:

Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ – рече на денешниот протест пред владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. То го обвини премиерот зоран Заев дека спортивно од уверувањата што ги дава, преговара за идентитетските прашања.

„4 години овој човек не лаже, 4 години дебата и проблеми за јазикот, историјата, малцинствата наши во соседните држави, идентитетот. Погледнете како полека она што не било проблем станува проблем, како се разјадува и она последно здраво ткиво на нашата нација, полека но сигурно дебатираме за откажување од нашето наследство од се она што нас не дефинира како посебна нација, народ и држава. Македонија ја губиме на делови помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец, и го штител идентитетот. Веќе на сите им е јасно дека овој човек кога говори тогаш тој сосема спротивно испорачува.Поминаа 10 дена, тој не се повлече во своите скандалозни изјави ниту милиметар, напротив денеска го слушаме како вели дека не се каел воопшто за тоа што го говорел на тоа интервју за еден медиум од кај нашиот источен сосед“ – рече Мицкоски.

Тој рече дека кога Заев обвинува за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да обвинува за предавство.

„На Заев му е полесно да распродава во Софија отколку да постигне единство дома и да ги брани национални интереси. Тоа е така затоа што кај Заев се може да се истргува за пари, ако не може за малку тогаш може за многу пари. И зад оваа негова попусливост се крие финансиски интерес. Еве денеска стојам овде пред вас, нека одговори некој од Централниот регистар кому е префрлен капиталот од рудникот Иловица, дали е бугарски инвеститор новиот купувач на акциите во рудникот Иловица? Еве јавно го повикувам надлежниот во Централниот регистар да даде одговор на ова прашање“.

Мицкоски испрати порака и до политичарите од Бугарија.

„Залудно преговарате со овие домат-дипломати, залудно преговарате, договарате, заедно мислите дека тоа што со нив мислите дека ќе го ставите на хартија ќе биде обврзувачко за нас. Еве ќе ве потсетам на тоа што го зборувам веќе со недели. Не постои такви парче хартија кое што ќе го почитува идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владата на национално единство. Никогаш нема да прифатиме таков ултиматиум“ – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот кој е продолжение на серијата протести и блокади која ВМРО-ДПМНЕ ја организира последнава седмица почна со возила од две страни на Скопје, а собирот од кој беа испратени пораките повторно беше пред владата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ

Горан Наумовски

Мицкоски: Пендаровски пет години не даде став, а вели осудувал криминал, дали сте го слушнале да ги осуди ДУИ или тоа за него се чесни политичари?

Горан Наумовски

Мицкоски од Дојран: Оставаа чевли пред македонската влада, а во седумгодишното владеење на СДСМ, бројот на чевли чии сопственици се иселиле е за 10 пати зголемен

Горан Наумовски