Мицкоски: Безусловно ќе поддржиме закон за ЈО изработен од експерти, но не и решението кое е во собраниска процедура

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на датата која беше претходно договорена, потврди лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Ги повикуваме сите политички партии во државата вклучително и СДСМ да се приклучат на иницијативата и да ја поддржат и на 12 февруари како што беше планирано да се распушти Собранието, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешната средба во Стопанската комора на Македонија.

Тој посочи дека некој сака да го одложи расуштањето на Собранието за да може да протурка уште неколку тендери и плаќања додека е функционална техничката Влада.

Ним не им е битна содржината и квалитетот на предлог законот за јавно обвинителство, туку сакаат да го одложат распуштањето на Собранието, бидејќи со неговото распуштење завршуваат ингеренциите на техничката Влада.

До моментот на распуштањето целта им е да се заврши уште некој тендер и да се исплати уште некоја фактура.

Стоиме на ставот дека единствено повикани во оваа држава кои треба да го подготват законското решение се експертите, рече Мицкоски.

Според него, квалитетен закон за јавно обвинителство можат да направат само луѓето кои, како што рече, го посветиле животот на тоа, а тоа, додаде, се експертите кои ги предложило ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту јас, ниту, пак, Заев можеме да знаеме повеќе од нив.

Експертите треба да состават закон кој ќе биде четиво кое ќе ги заштитува интересите на сите граѓани, а не само определена група или фамилија во оваа држава без разлика како се презива.

Ги охрабрувам јавно експертите да не остават нас политичарите.

Ова е моментот да се издигнеме сите над сопствениот, семејниот и партискиот интерес и да го ставиме интересот на државата пред и над се и да направиме законско решение кое ќе биде експертско, односно на оние кои се најстручни и најповикани да го изработат, а јас како претседател ветувам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи и нема да поднесе ниту еден амандман на тоа што ќе го изработат експертите, посочи Мицкоски.

Нагласи дека партијата нема да го поддржи предлогот кој е во собраниска процедура, бидејќи е се само не е таков каков што треба да биде.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања