Мицкоски: Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови за одмор

Од:

Во врска со изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека ќе даде бланко поддршка за проектите доколку Африм Гаши не биде претседател лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори дека Апасиев претходно имал понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се придружи кон македонското национално единство.

– Димитар Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада, дали на некоја друга грчка плажа, рече тој.

Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

На дневен ред се избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието, место на кое ќе биде предложено да седне Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски