Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема очекувања во врска со можната екстрадиција на Никола Груевски во Македонија, но нагласи дека доколку тој се појави во земјата, ќе биде уапсен и ќе ја издржува правосилната затворска казна. Потсети дека институциите се должни да ги спроведуваат судските одлуки.

Во однос на екстрадицијата, Мицкоски упати дека тоа е прашање за унгарската влада и македонското Министерство за правда, бидејќи Унгарија во 2019 година го одбила барањето за екстрадиција и му одобрила азил.

Тој додаде дека имал добра соработка со претходната унгарска влада на Виктор Орбан и му честиташе на новиот премиер Петер Маѓар, изразувајќи очекување за проевропска политика и поддршка за ЕУ-интеграциите на регионот.

Во делот за домашната политика, Мицкоски ја критикуваше СДСМ за најавата за ревизија на договорите со Унгарија, оценувајќи дека договорите се транспарентни и правно уредни. Дополнително рече дека кредитниот аранжман со Унгарија не може еднострано да се менува, бидејќи е со Ексим банка, а не директно со унгарската влада.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Виена: Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби

А1он

Австрискиот канцелар: Време е целиот регион да го закотвиме во нашето семејство – во ЕУ

А1он

Мицкоски во Виена: Заедно со дијаспората до посилна Македонија

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија

А1он

Мицкоски: Очекувам граѓаните во Бугарија да изберат премиер фокусиран на добрососедските односи

А1он