СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Од:

СДСМ денеска обвини дека во повеќе од 50 населени места во земјава водата не е безбедна за пиење и оцени дека станува збор за последица на, како што наведоа, неспособноста и неодговорноста на актуелната власт.

На прес-конференција, Маја Серафимовска Борозан рече дека листата на засегнати населени места секојдневно се зголемува и ги посочи Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и други места.

Таа предупреди дека во Гостивар постои ризик од појава на епидемија на жолтица и ја обвини Владата дека доцнела со реакцијата.

„Иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче, уште пред две недели алармираше за ризикот од жолтица, власта дури вчера излезе со препораки за превенција и препознавање на симптомите“, рече Серафимовска Борозан.

Според неа, сè уште не е објавен извештајот за квалитетот на водата во Гостивар, ниту е познато кој ја одобрил и гарантирал безбедноста на, како што ја нарече, „техничката вода“.

СДСМ посочи и дека премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изнесуваат различни информации за состојбата.

„Клековски вели дека до крајот на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие, а Мицкоски зборува за нова бактерија. Ова е тотален институционален колапс“, изјави Серафимовска Борозан.

Од партијата оценија дека додека институциите не преземаат соодветни мерки, илјадници граѓани се изложени на здравствени ризици и побараа:

итна политичка и кривична одговорност;
јавно објавување на сите анализи и причините за загадувањето на водата;
итна интервенција и обезбедување безбедна вода за сите засегнати населени места.

„Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право – чиста вода за пиење – е луксуз“, порачаа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата