Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

Од:

Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, соопшти Министерството за здравство.

Според податоците, на 31 јули се регистрирани 60 први прегледи, што претставува дневно зголемување, но бројката останува далеку под пикот од 18 јули, кога биле евидентирани 649 прегледи.

Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се поднесени 1.028 формални пријави за заразна болест, а изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека истрагата за загадувањето на водата во Гостивар продолжува и најави можност за нејзино проширување.

„Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ кои директно со цевки и пумпи префрлале вода од реката во главниот резервоар. Обвинителството постапува, веќе има лица кои се обезбедени и сослушани, а очекувам истрагата да се прошири“, рече Мицкоски при посетата на Дебар.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека хиперхлорирањето не го спроведуваат стручни лица, нагласувајќи дека процесот го изведуваат експерти од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Мицкоски ја обвини претходната власт дека не реагирала на претходни извештаи за неисправност на водата, иако, како што рече, во нив биле констатирани сериозни микробиолошки и квалитативни отстапувања од законските норми.

Тој додаде дека секојдневно се земаат и анализираат примероци од водата и изрази очекување дека „многу скоро“ граѓаните на Гостивар ќе добијат бактериолошки исправна вода не само за техничка употреба, туку и за пиење и готвење.

Премиерот потсети дека Владата обезбедила вода за пиење за гостиварци и им се заблагодари на компаниите и поединците кои се вклучиле со донации, апелирајќи до граѓаните за трпение додека трае процесот на санација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски