Мичуринци по 17. пат на Василичарска средба

Од:

Во централниот парк во населбата Мичурин синоќа по седумнаесетти пат се одржа традиционалната „Мичуринска средба“, што ја организира истоименото здружение на граѓани под покровителство на општина Аеродром.

Како и секоја година одбележувањето на празникот Василица почна со палење на василичарскиот оган и молитва за мир, по што се кршеше василичарска погача со паричка за среќа. Годинава паричката падна кај Зоран Џорлев, естраден уметник и директор на играорното друштво „Танец“.

Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј Велики“, меѓу народот познат како Стара нова година, се одржа богата музичка програма. Покрај домаќините, на Мичуринската средба присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

Од општина Аеродром информираат дека ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите културно-забавни манифестации се додека народот покажува интерес за тоа, како што е случајот со „Мичуринската средба“ која, како што е наведено, од маалско дружење прерасна во масовна традиција за дружба не само на Мичуринци, туку и на граѓани од други населби и општини.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска