А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мичел: ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан, правиме напори спорот за името да се реши

by А1он07/06/2018 - 08:49167
Share0

За САД југоисточното крило на Европа, вклучително и Западен Балкан, е стратешки важен сегмент во одбраната од руското и кинеското влијание во регионот и Вашингтон прави активни напори за решавање на спорот за името за Македонија да влезе во НАТО.

Добивај вести на вибер

Ова го истакна Вес Мичел, помошник државен секретар во Стејт департментот задолжен за Европа и Евроазија, на обраќање во Херитиџ фондацијата каде што ја промовираше стретегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.

– ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан во последните години и Стејт департментот зазеде став за активна улога во решавање на проблемите на Балканот – помеѓу Косово и Србија, внатрешните проблеми во Босна и надминување на ќорсокакот со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, изјави Мичел, одговарајќи на прашања од присутните.

Тој посочи дека неодамна ги посети Србија, Косово и Македонија и оти Вашингтон е во секојдневна координација со партнерите од Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а за решавањето на проблемите во Западниот Балкан се дискутира секојдневно во неговиот ресор.

Мичел истакна дека САД продолжува да игра тивка улога заедо со ЕУ, Германија и останатите и охрабрува да се најде решение за името за Македонија да стане членка на НАТО.

– На сите овие области на дневна основа трошима време и енергеија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан. Не очекувам некои од овие проблеми, што се влечат многу одамна, да бидат целосно решени во скорешно време, но мислам дека правиме добар напредок, рече Мичел.

Тој исто така кажа дека САД работат активно на запирање на руската кампања на дезинформации во регионот, почнувајќи од балтичкиот регион, источна Европа па се до Балканот и Кипар.

– Постои голем предизвик со руските вложувања во Кипар и затоа работиме на тоа да го запреме руското влијание таму и во југоисточна Европа, со поцврста воена соработка со такви сојзници како Грција.

САД се против изградбата на вториот крак од гасоводот „Северен тек“, проект на рускиот енергетски монопол Газпром со кој се зголемува зависноста од руски гас во западна Европа со тоа што се заобиколуваат балтичките земји и Полска.

– Овој проект не само што прави комерцијална штета туку и ја загрозува енергетска безбедност на ЕУ. Како и „Јужниот тек“, ова е чисто геополитички проект против кого застанаа редица земји членки на ЕУ од централна и источна Европа, изјави Мичел.

balkaneuimeto

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен