Мицевски: Уследува активна блокада бидејќи Ковачевски и Владата одбија дијалог во четири клучни области за граѓаните и разговор за предвремени избори

Од:

Коодринаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, вели дека следува активна блокада на Собранието.

„Денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ имаше координативна средба на која што присуствуваше и претседателот, Христијан Мицкоски.

На координативната средба се разговараше по единствена точка, активна блокада на Собранието на Република Македонија.

Едногласно беше прифатена одлуката која што претходно ја донесе Извршниот комитет на партијата од утре да се пристапи во Собранието со активна блокада на сите штетни закони, политики застапувани од неодговорната и неспособната власт.

Активната блокада е последица, реакција на акцијата на Владата на Ковачевски, предводена од СДСМ и ДУИ, кои што не покажаа чувство за државност и одбија секаква можност за дијалог по најважните прашања во оваа држава.

Епилогот активна блокада уследува откако претходно Ковачевски и Владата одбија дијалог во четири клучни области за граѓаните, економија, здравство, образование и меѓународна политика со акцент на блокадите од Бугарија, и како природно решение на сите овие проблеми, разговор за датум за предвремени избори и соочување со волјата на граѓаните.

Тоа што Ковачевски од целата оваа понуда за нормален дијалог се фокусира само на предвремени избори покажува дека всушност и тој е свесен дека е премиер на Влада која што нема поддршка од народот и во тоа е болката, се плашат од соочување со граѓаните. А, понудата на ВМРО-ДПМНЕ која што опфаќа и решенија во економија, здравство, образование, надворешна политика и разговор за предвремени избори не е шведска маса со која што премиерот може да се служи во сегментите во кои што само на него му одговараат.

Ќе има активна блокада зошто имаме живот во национална катастрофа“, изјави Мицевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче