Мицевски: Претседателот Пендаровски да не го потпише нелегално донесениот закон за ЈО

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската сала и го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за јавно обвинителство.

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на криминален начин, што доволно говори за оваа власт како функционира. Бевме сведоци на погазување на демократијата, Деловникот, законите. Откако законот не го доби потребниот број гласови и не помина со 74 гласа, без срам спротивно на Деловникот, бидрејќи резултатот не им се допадна се поништи, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Ова одлука е неделовничка и незаконска. Претседателот Пендаровски не смее да го потпише, го повикуваме да не го стори стори тоа, затоа што ќе биде огромен скандал. Без процедура се поништува и се носи закон. Ова ли се европски стандарди, повикуваме реакција и на меѓународната заедница. Нелегалното гласање е дел од криминалното владеење на ова власт, кршење закон, процедури. Ова лакрдија мора да заврши и мора веднаш да се распишат изборите. Ќе бидеме присутни во собрснието но во сала ќе влеземе во само за распуштање на Собранието”, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ